
Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните од 20 до 30 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до дува умерен северен ветер.
