УХМР за утре најавува дожд и невреме - еве какво ќе биде времето до крајот на неделата!
Актуелно

УХМР за утре најавува дожд и невреме - еве какво ќе биде времето до крајот на неделата!

16. 06. 2026.

УХМР за утре најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер.

Исто така, утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 17 степени Целзиусови, додека максималните ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен.

Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Извор: skopjeinfo.mk