Охридското Езеро е дестинација која секој треба да ја има на својата листа на желби, порачуваат тие во своето видео во кое преку кадри споделуваат само дел од преубавиот македонски бисер.
Еве зошто Охрид заслужува да биде дел од вашиот план за патувања низ Европа - наведуваат блогерите:
- Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоките езера во светот.
- Охрид е стар град заштитен од УНЕСКО.
- Водата толку бистра што може да се види дното.
- Има магични зајдисонца.
- Прифатлива цена во споредба со други европски езерски дестинации.
- Совршено за патувања со брод, планинарење и пронаоѓање на скриени плажи.
