Водечкиот хрватски портал за вработување, MojPosao, организира виртуелен саем за туризам и сезонски вработувања (27 јануари – 5 февруари) и ве поканува да се впуштите во потрага по незаборавна летна работа во Хрватска.
На саемот, голем број работодавачи бараат вработени во различни сектори, како што се: резервации, домаќинство, кујна, анимација, продажба и одржување и уште многу други.
Меѓу работодавачите кои имаат отворени позиции за сезонци е Lidl Hrvatska d.o.o. k.d.
Lidl има потреба од СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ВО МАГАЦИН
Зошто LIDL?
• сезонски бонус
• 2 слободни дена неделно
• прецизно дефинирана сменска работа
• платен превоз во местото на работа
• дополнително платена прекувремена работа
• работа со полно работно време
• обука со поддршка од ментор
• договор на минимум 3 месеци
• можност за постојано вработување
• додаток за топол оброк
