Најголем број откажувања биле регистрирани во саботата, кога авиокомпаниите откажале над 6.400 летови, додека повеќе од 8.000 доцнеле.
Американскиот министер за сообраќај Шон Дафи најави дека состојбата постепено ќе се нормализира до понеделник. Тој потврди дека засега нема докази за кибернетички напад или саботажа, но точната причина за проблемот сè уште се истражува.
Според првичните информации, технички проблем со рутери во системот за контрола на воздушниот сообраќај предизвикал преоптоварување на комуникациските системи. Проблемот бил поврзан со замена на опрема во објекти на Федералната управа за воздухопловство (FAA) во Арканзас и Тексас.
Поради дефектот, во петокот FAA нареди привремено запирање на воздушниот сообраќај низ целата земја, при што речиси пет часа беа запрени речиси сите полетувања.
Инцидентот повторно ги отвори прашањата за застарената технологија и недостигот од контролори на летови во американскиот систем. Министерот Дафи побара 50 милијарди долари за негова модернизација.
