Во нивниот тест, површината на црниот автомобил се загревала значително повеќе од површината на белиот автомобил – 65 степени наспроти 44 степени. Сепак, тоа не влијаело многу врз температурата во кабината, бидејќи во црниот автомобил било само пет степени потопло.
Кога станува збор за заштитата поставена од внатрешната страна на ветробранското стакло, нејзиниот ефект е минимален. Додека автомобилот без заштита се загреал до 53 степени, во возилото со внатрешна заштита било само четири степени посвежо.
За заштитата да биде поефикасна, би требало да ја покрива целата површина на ветробранското стакло, што во практика е речиси невозможно, пренесува „HAK revija“.
Церадата како поефикасно решение
Заштитата од сонце која се поставува од надворешната страна на ветробранското стакло е многу поефикасна. Благодарение на неа, температурата во внатрешноста била за осум степени пониска отколку во автомобилот без заштита.
Затемнетите странични стакла зад Б-столбот на автомобилот ја намалиле температурата во кабината за само два степени. Сепак, температурата на задната клупа била значително пониска – 48 наместо 57 степени.
Иако белата крпа нема значително да ја намали температурата во автомобилот, се препорачува да се стави врз воланот за да се избегнат изгореници при допир.
Извор:maskimagazin.faktor.mk
