Новиот систем на Европската Унија ќе бара онлајн регистрација, внесување лични податоци и информации од пасошот, како и плаќање надомест од 20 евра.
Од плаќање ќе бидат ослободени лицата помлади од 18 и постари од 70 години, но и тие ќе треба да добијат одобрение.
Добениот ETIAS ќе важи до три години или до истекот на пасошот, зависно од тоа што ќе настапи прво. Во тој период ќе може да се патува повеќепати, со почитување на правилото за престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена.
Важно е да се знае дека ETIAS не е виза и не гарантира автоматски влез во земјата. Тој претставува претходно одобрение за патување, додека конечната одлука за влез ја носат граничните службеници.
Системот сè уште не е активен и пријавувањето не е започнато. Точниот датум на воведување се очекува да биде објавен неколку месеци однапред, па граѓаните засега не треба да плаќаат или да оставаат лични податоци на страници што нудат ETIAS-одобренија.
