Сезоната во Хрватска ми ги затвори кредитите – искуства на Македонците
Актуелно

Сезоната во Хрватска ми ги затвори кредитите – искуства на Македонците

02. 02. 2026.

„Од една сезона исплатив кредити и ми останаа пари за живот. Летото работиме, зимото одмараме.“

Сезонската работа во Хрватска со години е една од најчестите опции за македонските работници, особено во туризмот и угостителството. Со цел да добиеме реална слика од терен, поставивме едноставно, но важно прашање до јавноста:

Дали би отишле на сезонска работа во Хрватска и дали навистина се заработува добро?

Одговорите што ги добивме најчесто се потврдни а коментарите се искрени и во најголем дел позитивни, особено од луѓе со лично искуство.

„Се заработува – но мора да се работи“

Голем дел од учесниците истакнуваат дека во Хрватска може солидно да се заработи, но само ако човек е подготвен за интензивно темпо и долги работни денови.

„Во Хрватска се заработува, ама не се оди да се летува, туку да се работи. Темпото е тешко, но се исплати.“

Една од учесничките споделува искуство од работа во хотел од познат туристички ланец:

„Работев во хотел на Валамар. Работното време беше и до 14 часа, а во најголемата гужва и до 17, но сите дополнителни часови беа платени. По работа одевме на море, таму одмаравме и уживавме – нешто што цела година не можеш да си го дозволиш.“

Сезоната како семејна одлука

Дел од учесниците истакнуваат дека на сезонска работа одат со години по ред, а некои дури и со своите деца, што дополнително зборува за стабилноста на условите што ги имаат.

„Одиме неколку години по ред, и тоа со детето со нас. Имаме обезбеден апартман и храна. Двајцата работиме во кујна – едниот како готвач, другиот како помошник. Не се европски плати, но се солидни и коректни.“

За многумина, сезоната претставувала можност да ги стабилизираат финансиите и да обезбедат мирна зима.

„Од една сезона исплатив кредити и ми останаа пари за живот. Летото работиме, зимото одмараме.“

Угостителството – сектор со најголема заработка

Како најисплатлив сектор најчесто се споменува угостителството, особено за квалификувани работници со искуство.

Ако си готвач, келнер или бармен и знаеш да работиш – Хрватска има најмногу пари.“

Искуствата покажуваат дека платите може значително да варираат, но дека добар договор и јасно дефинирани услови прават голема разлика.

„Сè зависи каде ќе одиш и каков газда ќе имаш. Јас поминав супер – сè ми беше платено, и редовни и плус часови.“

Некои од учесниците нагласуваат дека се враќаат секоја година:

„Одам веќе три години по ред и сум презадоволна. Кога ќе најдеш коректен работодавач, остануваш.“

Важно предупредување: Улогата на агенциите

И покрај позитивните искуства, дел од учесниците посочуваат на сериозен проблем – недостаток на грижа од страна на посредничките агенции откако ќе заминете.

„Агенцијата те испраќа, зема провизија и тука завршува приказната. Никој не те прашува дали си задоволен, дали ти се платени часовите или дали условите се како што биле договорени.“Друг учесник додава:„Би одела преку агенција само ако таа навистина ме штити за секој изработен час, а не само да ме поврзе со работодавач.“

Работниците советуваат:

  • да не се заминува без потпишан договор
  • однапред да се провери работната дозвола
  • да се знаат точните работни часови, плата и услови за сместување

Анкетата покажува дека сезонската работа во Хрватска може да биде реална и исплатлива можност,.Најважни фактори за позитивно искуство се: информираност, јасен договор и коректен работодавач.

Доколку сте занитересирани да заминете и вие на работа во Хрватска, погледнете го онлајн саемот, ТУКА, овде директно сe пријавувате во хотелот кој ја нуди работата исто можете и да поразговарате во живо за условите и се што ве интересира.Одењето преку посредници може навистина да ви ја загорчи сезоната. Кликнете на линкот Sezonac 2026