Во јули издадени 367 одобренија за градење, предвидени над 1.200 станови
Актуелно

Во јули издадени 367 одобренија за градење, предвидени над 1.200 станови

11. 09. 2026.

Во јули годинава се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8,5% помалку во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, 227 одобренија се за високоградба, 39 за нискоградба, а 101 се однесуваат на реконструкција. Со издадените одобренија е предвидена изградба на 1.248 станови со вкупна површина од 100.440 квадратни метри.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион – 107, каде што се предвидени дури 752 станови.

Вкупната предвидена вредност на објектите изнесува 7,99 милијарди денари, што е значително помалку од лани. Причината за големата разлика е што во јули 2025 година било издадено одобрение за изградба на ветерен парк во Штип, Радовиш и Карбинци.

Од вкупниот број одобренија, 56,9% се за физички лица, додека 43,1% се за деловни субјекти.