DS Smith: Компанија што создава одржлива иднина – и инвестира во своите луѓе
Актуелно

DS Smith: Компанија што создава одржлива иднина – и инвестира во своите луѓе

14. 08. 2026.

Во време кога одржливоста, иновациите и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважни, DS Smith се издвојува како глобална компанија која активно ја создава иднината на амбалажната индустрија. Како дел од International Paper, DS Smith е водечки глобален снабдувач на одржливи амбалажни решенија базирани на влакна, со силно присуство низ различни индустрии – од е-трговија и храна и пијалаци, до брзопроизводливи стоки и индустријата.

Но, зад секое иновативно решение стојат луѓето. Токму затоа, компанијата вложува во создавање работна средина во која вработените имаат можност да се развиваат, да учат и да ја градат својата кариера.

Стабилност, развој и бенефити што значат

Работењето во DS Smith носи можност за професионален развој преку различни обуки во текот на годината, како и можности за напредување во кариерата. Компанијата нуди конкурентна плата, месечни бонуси согласно остварените резултати и годишно зголемување на платата.

Грижата за вработените се гледа и преку практични бенефити – надоместок за превоз во висина на месечен билет и топол оброк за сите вработени.

Дополнително, DS Smith ги препознава и наградува трудот и посветеноста на своите вработени. Преку изборот на „Вработен на месецот“, вработените имаат можност да бидат дополнително наградени за своите резултати и придонес.

Компанијата обезбедува и регрес за годишен одмор кој е 40% повисок од законскиот минимум, како и низа дополнителни празнични надоместоци и подароци.

Средина што ги поддржува и вработените и нивните семејства

За DS Smith, грижата за луѓето не завршува на работното место. Посебно внимание е посветено и на поддршката на родителите и најмладите.

Вработените имаат слободен ден за поаѓањето на детето во прво одделение, подарок-пакет за првачиња и новогодишни пакетчиња за децата на вработените. Дополнително, компанијата обезбедува парични надоместоци и подароци по повод Нова година, Велигден и 8 Март.

Тимски настани, спортски активности и дружења дополнително придонесуваат за градење пријателска и поттикнувачка работна атмосфера.

Дел од глобална визија за поодржлива иднина

DS Smith не е само компанија која произведува амбалажа. Нејзината работа е дел од поширока визија за создавање кружна економија и намалување на влијанието врз животната средина.

Компанијата е фокусирана на замена на пластиката, намалување на јаглеродниот отпечаток во синџирите на снабдување, развој на решенија за рециклирање и постојани иновации во материјалите и влакната.

Со оперативен модел „од кутија до кутија“ и силен фокус на кружниот дизајн, DS Smith работи на создавање решенија кои не се само практични и ефикасни, туку и одржливи.

Историјата на компанијата започнува во Лондон во 1940-тите, кога семејството Смит го започнува бизнисот со производство на кутии. Денес, таа визија е прерасната во глобална компанија која активно придонесува кон трансформацијата на индустријата и преминот кон покружна економија.

Направете го следниот чекор во вашата кариера

За оние кои бараат стабилна работна средина, можности за развој и компанија која инвестира во своите луѓе, DS Smith нуди можност да бидат дел од глобална приказна со јасна иднина.

Со комбинација од конкурентни услови, дополнителни бенефити, можности за професионален развој и поттикнувачка работна атмосфера, DS Smith е место каде што кариерата може да расте заедно со компанијата.

Погледнете ги отворените работни позиции: 

Вилушкарист
линк за повеќе детали и аплицирање

Машински техничар
линк за повеќе детали и аплицирање

Работник на машина за производство на хартија
линк за повеќе детали и аплицирање