Бидејќи 2. Август се паѓа во недела, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија. Со тоа, вработените ќе имаат три последователни слободни денови – сабота, недела и понеделник, што за многумина ќе биде можност за краток одмор или патување.
За православните верници следен неработен ден ќе биде 28 август (петок) кога се слави Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Извор:skopjeinfo.mk
