Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре, вторник, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој повремено ќе засилува во западните делови од земјата.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец.
Од среда промена на времето
Од среда ќе започне период на нестабилно време, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат со различен интензитет, а во повеќе делови од земјата ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Особено силен ветер се очекува во среда и четврток, кога на одредени места неговата брзина повремено ќе надминува 80 километри на час.
Според најавите на УХМР, по сончевиот и топол вторник, во наредните денови ќе преовладуваат променливи временски услови, со дожд и засилен ветер.
