Профил на кандидатите
Според компанијата, се бараат љубезни, насмеани и одговорни продавачки кои уживаат во работа со луѓе и сакаат динамична, брза и позитивна работна атмосфера. Комуникативноста, внимателниот пристап кон клиентите и тимскиот дух се сметаат за голема предност.
Продавачки
линк за повеќе детали и аплицирање
Што нуди компанијата?
Вегера важи за стабилна и препознатлива компанија која нуди одлични услови за работа, а кандидатите можат да очекуваат:
• Сигурна и редовна плата
• Пријатна и мотивирачка работна атмосфера
• Можност за унапредување и професионален развој
• Обука и целосна поддршка при започнување со работа
• Работа во бренд со силна традиција и доверба кај купувачите
Предности за кандидатите
Добро е кандидатите да имаат искуство во продажба или работа со храна (иако не е задолжително), позитивен став, насмевка и желба за работа во тим.
Локации за вработување
Позициите се отворени на повеќе локации низ Скопје:
• Вегера Пекара Зелен Пазар
• Вегера Пекара Ѓорче Пазар
• Вегера Фурна Карпош
• Вегера Фурна Тафталиџе
• Вегера Бифе Економски Факултет
• Вегера Бифе Правен Факултет
• Вегера Бифе Филозофски Факултет
• Вегера Кантина Визбегово
• Вегера Пицерија Карпош
Како да се аплицира?
За сите заинтересирани, компанијата ги охрабрува кандидатите да ја испратат својата биографија преку копчето „Пријави се“.
