Пеколни горештини во Скопје: Црвениот крст излегува на улиците и бесплатно дели вода
Актуелно

Пеколни горештини во Скопје: Црвениот крст излегува на улиците и бесплатно дели вода

29. 06. 2026.

Екстремно високите температури што деновиве ја зафатија Македонија го активираа Црвениот крст на град Скопје, кој денеска ќе биде на терен со мобилни тимови за помош на граѓаните. Метеоролозите предупредуваат дека топлотниот бран е дел од поширокиот екстремен бран што ја зафати речиси цела Европа, каде на повеќе места се измерени температури над 40 степени.

Во периодот од 11:00 до 16:00 часот, 30 волонтери распоредени во 10 мобилни тима, со поддршка од шест возила, ќе патролираат низ Скопје. Тие ќе им укажуваат прва помош на граѓаните, по потреба ќе организираат транспорт до здравствени установи и ќе делат вода и информативни материјали со препораки за заштита од горештините.

Планирана е дистрибуција на 1.000 шишиња вода, односно околу 500 литри, со посебен акцент на најранливите категории граѓани – повозрасни лица, хронично болни, бездомници и лица кои работат на отворено.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности, да носат лесна и светла облека и веднаш да побараат медицинска помош доколку почувствуваат вртоглавица, малаксаност или симптоми на топлотен удар