Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
Актуелно

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

26. 04. 2025.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

На Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk – од вчера се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните судови, тоа се, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.” – изјави Андоновски

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

“Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури.“

Извор: a1on.mk