Аларм за македонското образование: 74% од учениците под основното ниво по читање
Актуелно

Аларм за македонското образование: 74% од учениците под основното ниво по читање

09. 09. 2026.

Резултатите од ПИСА 2025 се сериозен аларм за македонското образование. Само 26 отсто од македонските петнаесетгодишници го достигнале основното ниво по читање, што значи дека дури 74 отсто се под тој праг. Просекот во земјите на ОЕЦД е 69 отсто.

Слаби се резултатите и по другите предмети. Основното ниво по математика го достигнале само 32 отсто од учениците, а по природни науки 36 отсто. Во сите три области Македонија е значително под просекот на ОЕЦД, а кај математиката е забележан и пад во однос на 2022 година.

ПИСА покажува и дека дигиталните уреди стануваат сериозен фактор во училниците. Една третина од учениците велат дека соучениците често се расеани поради нив, додека 44 отсто користат чет-ботови со вештачка интелигенција најмалку еднаш неделно за учење, истражување или подготовка на задачи.

Проблем е и редовноста на наставата. Околу 35 отсто од учениците пропуштиле цел училишен ден, 41 отсто пропуштиле час, а 57 отсто задоцниле на училиште во двете недели пред тестирањето. Воедно, се бележи и пад на редовната поддршка од родителите.

Во ПИСА 2025 учествувале 6.977 ученици од Македонија, односно репрезентативен примерок од 124 училишта. Истражувањето опфатило повеќе од 760.000 петнаесетгодишници од 91 земја и економија.

ПИСА не проверува само дали учениците ги научиле лекциите, туку дали знаат да го применат знаењето во реални ситуации. А резултатите покажуваат дека македонското образование има сериозен предизвик – и дека проблемот е многу поширок од самите оценки.