Се отвора нова македонска компанија за производство на заштитни маски - „Ќе правиме маски кои ќе бидат достапни за граѓаните“

Се отвора нова македонска компанија за производство на заштитни маски - „Ќе правиме маски кои ќе бидат достапни за граѓаните“

09. 10. 2020.

Здравствената криза некогаш знае да биде и предизвик за бизнисот. Да се направи корисна работа за сограѓаните, и во исто време тоа да биде мудар и исплатлив деловен потфат.

Во услови на досега невидена економска и здравствена криза, тројца пријатели од Виница одлучија да вложат свои лични средства и ја основаа „Максигард“, нова фабрика за производство на маски. 

Во фабриката во моментов се одвива пробната продукција, а со редовно производство треба да стартува веќе од наредната недела.

Фабриката е лоцирана во Виница, во халите на поранешниот текстилен гигант „Трико“, што значи дека станува збор за браунфилд инвестиција. 

Во овој момент таа на Виница и донесе осум нови отворени работни места, но плановите се дека оваа бројка ќе биде зголемена до триесет нови вработувања.

Компанијата планира првично да го задоволи домашниот пазар со квалитетни и евтини маски, а вишокот на капацитет ќе оди за извоз на околните пазари, како и во Европската унија.

Целиот текст прочитајте го на faktor.mk