По тој повод DS Smith организираше награден квиз, во кој земаа учество вработените, а победник беше Бобан Тодоровски, кој гордо го прими H&S (Health & Safety) пехарот.
На настанот присуствуваа сите вработени.

Нашата цел беше уште еднаш да ја истакнеме важноста за безбедноста и здравјето при работа како и остварување H&S визија. Нашата визија е нула повреди за нашите вработени, изведувачи, посетители и секој друг кој е засегнат од нашите активности. Нашата визија е да обезбедиме работна средина и култура каде H&S е составен дел на нашиот бизнис и сите наши луѓе активно се вклучуваат во нашиот стремеж кон континуирана H&S совршеност.
Затоа сме посветени на создавање на безбедна работна средина и култура каде моменталните стандарди се предизвикани и подржани од H&S системите и процесите, каде нашите ангажирани и обучени вработени го гледаат делот на безбедност и здравје при работа како составен дел од нивното секојдневие. - велат од DS Smith


Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Во моментов бараме Вилушкарист - АПЛИЦИРАЈТЕ!


