Јанг ја купила скулптурата во родниот град во продавница уште во 2018-та година, водена од својот инстинкт. „Делуваше како да е римска и стара. На сонце изгледаше како нешто што би можело да биде многу посебно“, рекла таа за локалните медиуми.
Ги контактирала историчарите за уметност од Тексашкиот универзитет, како и претставници на аукциски куќи и колекционери во обид да утврди дали станува збор за автентичен примерок.
Се утврдило дека станува збор за римска биста од периодот од крајот на првиот век пред новата ера и почетокот на првиот век од новата ера.
Бистата наречена „Портрет на маж“ е изложена во музејот Сан Антонио и таму ќе остане наредната година, а потоа доаѓа во Германија од каде исчезнала на крајот од Втората светска војна.
Бистата некогаш се наоѓала во град Ашафенбург, а исчезнала по сојузничкото бомбардирање на градот. Веројатно како сувенир со себе ја понел некој американски војник.
