Одлуката е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“, а забраната се однесува на шумите и шумското земјиште со кое стопанисува ова јавно претпријатие. Таа важи во периодот од 00:00 до 24:00 часот.
Од Министерството апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари. И покрај постепеното приближување кон крајот на летото, високите температури и сувите услови и понатаму создаваат ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор.
Граѓаните се повикуваат да избегнуваат активности со кои може да се предизвика пожар и да придонесат за заштита на шумите и природните ресурси. Особено внимание е потребно при користење оган на отворен простор, со оглед на тоа што и мала невнимателност во услови на суво време може да предизвика пожар.
Забраната е превентивна мерка со која се настојува да се намали ризикот од нови пожари и да се заштити шумскиот фонд во периодот на зголемена опасност.
