ИКЕА издаде вакво соопштение во кое наведува дека повлекува лончеза еспресо METALLISK од 0,4 литри со сигурносен вентил од нерѓосувачки челик, со ознака за датум помеѓу 2040 и 2204 година, бидејќи производот може да пукне при употреба.
Шведската компанија, исто така, апелира до сите клиенти кои поседуваат ваков апарат да престанат да го користат и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите.
-METALLISK лонче за еспресо со сигурносен вентил изработен од нерѓосувачки челик, може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА. Доказ за купување, односно фактура, не е потребен, стои во соопштението.
ИКЕА се извини за, како што наведоа, непријатностите што може да ги предизвика ова повлекување.
