Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа до 6 февруари, се проширува терминот „сезонска работа“, кој досега беше ограничен само на земјоделството и шумарството, и во секторот туризам и угостителство, јави СТА.
Министерството за труд ќе им дозволи на странците кои престојуваат во Словенија од други причини освен од работа, да се вработат врз основа на дозвола за привремен престој и информативен лист издаден од Заводот за вработување. Во ситуација на рекордно ниска невработеност, работодавците имаат недостиг на работна сила.
Во меѓувреме, се олеснува и движењето на работната сила во земјите од Отворен Балкан.
