Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните.
Оваа година пред присутни 300 посетители македонски и странски компании, им се оддаде признание на најатрактивнте за 2023 година, кои со своите огласи и објави предизвикале најмногу внимание кај посетителите на сајтот, а и спроведената анкета за привлечноста на компаниите за вработување ја потврдува нивната атрактивност.
Манифестацијата ја отвори Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков, кој нагласи дека ова е еден исклучително тежок период за пазарот на труд и токму заради тоа ваквата манифестација е охрабрувачка за сите компании кои се дел од македонскиот бизнис.

- Вечерва нема да има губитници, ќе имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници затоа што заеднички опстојуваме и се бориме за човечки ресурси, се бориме со миграциите, со инфлацијата и со пребрзото технолошко менување на светот. Но, ќе заклучам ако во маката јунакот се познава тогаш сите ние овде присутни компании сме јунаци - заклучи Велков.
Беа доделени награди во вкупно 8 категории, а една копанија ја доби титулата апсолутен победник.

Добитници на наградите :
- Најпосакувана болница за вработување АЏИБАДЕМ СИСТИНА
- Најпосакуван маркет за вработување ЛИДЛ
- Најпосакувана компанија за вработување во категорија храна и пијалоци СКОПСКА ПИВАРА
- Во категоријата најпосакувана банка за вработување добитник е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
- Најпосакувана компанија од категоријата странски инвестиции е ЏОНСОН МЕТИ
- Најпосакувана компанија од нафтената индустрија е МАКПЕТРОЛ
- Најпосакуван телекомуникациски оператор во кој граѓаните со задоволство би се вработиле е ТЕЛЕКОМ
- Во категоријата најпосакувана компанија за транспорт и логистика добитник е ТАВ МАКЕДОНИЈА
Апосолутен победник пак, во однос на сите добитници, според бројот на гласови на анкетата и направената статистика на број на прегледи како и интересот на апликантите за нивните објави на сајтот Вработување.ком, е компанијата АЛКАЛОИД која со оваа титула се закити и минатата година.
Останувајќи и оваа година прва компанија во која луѓето без размислување би се вработиле, АЛКАЛОИД ја докажа својата апсолутна доминација во однос на посветеноста на своите сегашни и идни вработени.
Заблагодарувајќи се за наградата Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов им одаде признание на своите 3000 вработени потенцирајќи ги годините на опстојување и традиција на Алкалоид - вкупно 88.
Нагласи дека и понатаму вистинските вредности ќе бидат на прво место во нивната компанија, дека им е чест што по втор пат се одбрани за најатрактивна компанија за вработување во Македонија и изрази надеж дека и во останатите 22 единици кои се надвор од Македонија во иднина ќе го добијат ова признание.
На манифестацијата беше доделена и една специјална награда.
„Работодавач со најуспешен ребрендинг раст“ која отиде во рацете на РЕПЛЕК, а за „Најуспешна емплоер брендинг кампања“ статуетката отиде во рацете на Флекс Кредит.



Организатор и творец на наградната манифестација е сајтот Вработување.ком кој прослави и 21 година од своето основање а од минатата година е во сопствеништво на финската компанија за огласи за работа Алма Кариера која работи во 11 европски земји, вклучувајќи ја Хрватска, Босна, Словенија, Словачка, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија, Финска и Македонија.
Водител на настанот беше актерот Гораст Цветковски.

