На првите три места се Toyota, Subaru и Lexus, а во топ 6 се и Honda, BMW и Nissan. Истражувањето е направено врз основа на податоци од анкети за околу 380.000 возила во САД.
Голем напредок бележи Tesla, која се искачи за осум места и сега е деветта. Подобрените резултати на Model 3 и Model Y придонеле за скокот, иако Cybertruck сè уште е под просекот.
Најголем пад има Mazda, која од првата позиција во 2020 година сега се најде на 14-то место. Постарите модели остануваат релативно сигурни, но покомплексните модели како CX-70 и CX-90, особено PHEV верзиите, имаат повеќе пријавени проблеми.
Истражувањето покажува и дека класичните хибриди генерално остануваат сигурен избор, додека целосно електричните и plug-in хибридните модели сè уште се почесто застапени меѓу најмалку сигурните, особено кај новите и значително редизајнирани модели.
Заклучокот е дека јапонските марки продолжуваат да доминираат по сигурност, европските се во средината, а американските производители во просек заостануваат.
