Сè повеќе Македонци купуваат викендички во Грција – Еве како да го направите тоа чекор по чекор
Актуелно

Сè повеќе Македонци купуваат викендички во Грција – Еве како да го направите тоа чекор по чекор

12. 08. 2025.

Каде се најевтини а каде најскапи?

Сончевото време, блискоста, чистото море и богатата понуда на недвижности ја прават Грција омилена дестинација за одмор – и сè почесто, за купување викендички и куќи покрај море. Македонските граѓани, под истите услови како и граѓаните на ЕУ, можат да станат сопственици на имот во поголемиот дел од земјата, со исклучок на неколку воено-стратешки зони каде е потребна посебна дозвола.

Еве ги чекорите кои треба да ги следите ако планирате да купите имот во Грција:

Чекор 1: Проверете ја локацијата

Осигурајте се дека областа не е во „ограничена зона“. Во туристичките региони како Халкидики, Крит, Пелопонез и Лефкада купувањето е дозволено без проблеми.

Чекор 2: Добијте грчки даночен број (AFM)

Аплицирајте во локална даночна канцеларија со пасош и пополнет формулар. Овој број е задолжителен за сите имотни трансакции, вклучително и отворање банкарска сметка.

Чекор 3: Отворете банкарска сметка во Грција

Ќе ви биде потребна за плаќање на депозитот, даноците и идните комунални услуги.

Чекор 4: Изберете имот и ангажирајте агент/адвокат

Адвокатот ја проверува сопственоста, долговите и законската исправност на имотот. Овој чекор е клучен за да избегнете ризици.Многу имоти во Грција се дивоградби а многу од нив се и под хипотека. бидете крајно внимателни!

Чекор 5: Потпишете преддоговор и платете депозит

Обично депозитот е околу 10% од вкупната цена. Преддоговорот го резервира имотот додека трае правната и техничката проверка.

Чекор 6: Потпишете главен договор пред нотар

Ова се прави во присуство на адвокат, а потоа имотот се регистрира во катастар – со што станувате официјален сопственик.

Чекор 7: Платете ги даноците и таксите

  • Данок на пренос: ~3% од вредноста за стари објекти
  • ДДВ: 24% за нови објекти (во одредени случаи)
  • Дополнителни трошоци: 5–12% од цената (нотари, адвокати, катастар, агенција)

Чекор 8: Годишни обврски

Сите сопственици плаќаат ENFIA – годишен данок на имот (2–16 € по м²). Приходите од изнајмување се оданочуваат, а до крајот на 2026 година нема данок на капитална добивка при продажба.

Чекор 9: Златна виза (опционално)

Инвестиција од минимум 250.000 € овозможува добивање постојан престој и слободно движење низ Шенген. Во популарни региони, минимумот е 400.000 €.

 

Цени по региони (€/m²)

  • Халкидики: 2.000 – 10.000
  • Миконос и Парос: до 12.000
  • Антипарос: 6.400 – 9.800
  • Китнос: до 9.000
  • Санторини: 4.500 – 7.500
  • Наксос, Сирос, Андрос, Тинос: од 2.300
  • Родос: до 6.750
  • Сими: до 6.000
  • Хидра (Атика): 4.000 – 7.500
  • Пелопонез:
    • Арголис: до 6.000
    • Месинија: 2.000 – 5.500
    • Лаконија: 1.200 – 3.800
    • Коринтија: 2.000 – 3.500