Инженерската компанија „Thornton Tomasetti“ на крајот на декември потврди дека зградата надминала 80 ката, додека според непотврдени извештаи од локалните жители, таа веќе има 84 ката.
Доколку изградбата продолжи со оваа динамика, треба да достигне 100 ката во наредните недели, приклучувајќи се кон групата од само 25 згради во светот што ја достигнале таа висина. Сепак, градителите сè уште имаат долг пат пред себе.
Кулата Џеда ќе има најмалку 157 ката и ќе надмине еден километар висина во саудискиот пристанишен град Џеда, иако точната конечна висина сè уште не е официјално објавена. Ова ќе ја направи повисока од претходниот рекордер, Бурџ Калифа, и речиси двојно повисока од највисокиот облакодер во Соединетите Американски Држави, „One World Trade Center“.
Внатрешноста на зградата ќе има највисока точка за гледање во светот, луксузен хотел, канцелариски простор и луксузни станбени станови. Двокатните лифтови ќе ги превезуваат патниците со брзина од 10 метри во секунда.
Порано позната како Кралска кула, Џеда ќе биде центарот на урбанистичкиот развој во светот.
Проектот го води саудискиот принц Ал Валид бин Талал Ал Сауд и трае повеќе од една деценија. Изведбените работи имаа прекин кога се градеше 60 тиот кат и проектот беше во мирување неколку години.
Овој импозантен облакодер е само еден од неколкуте таканаречени гигапроекти што моментално се во тек во богатото со нафта пустинско кралство, со цел да се трансформира Саудиска Арабија во една од водечките светски туристички дестинации.
Изградбата на највисокиот облакодер во светот, според проекциите на инвеститорите се планира да финишира во 2028 година.
