„35-ката“ повторно вози: Радишани и Ново Лисиче добија директна линија
Актуелно

„35-ката“ повторно вози: Радишани и Ново Лисиче добија директна линија

02. 10. 2026.

Автобуската линија 35 повторно е во функција, со што се воспоставува директна врска меѓу Радишани и Ново Лисиче, односно меѓу општините Бутел и Аеродром.

Со линијата се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се подобрува поврзаноста меѓу овие делови на Скопје.

Автобусите од Радишани ќе поаѓаат во 06:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 16:00 часот.

Линијата 35 е уште една од новите автобуски линии со кои се настојува да се подобри јавниот превоз и поврзаноста меѓу скопските населби.