Цело Визбегово, Бутел и уште неколку локации утре цел ден без струја
Актуелно

Цело Визбегово, Бутел и уште неколку локации утре цел ден без струја

25. 02. 2026.

Од ЕВН за утре најавија прекин во електроиснабдувањето во делови од главниот град.

- Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“, информираа оттаму. 

Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“. 

Извор: skopjeinfo.mk