Анкета спроведена меѓу повеќе од 1.000 вработени во САД покажува дека секој петти испитаник попрво би побарал помош од вештачка интелигенција отколку од колега.
Според резултатите што ги пренесува „Форбс Србија“, во тимовите каде што ваквата практика е вообичаена, координацијата е за 22,3 отсто послаба, а меѓусебната доверба за 21,9 отсто пониска.
Иако вештачката интелигенција овозможува побрзо решавање на работните задачи, вработените можат да пропуштат можности за размена на идеи, знаења и искуства со колегите.
Сепак, истражувањето покажува поврзаност, а не директна причинско-последична врска меѓу употребата на вештачката интелигенција и намалената доверба.
Особено интересен е податокот дека кај вработените кои претпочитаат да користат четботови, секојдневната комуникација со колегите е поврзана со 28 отсто подобра координација и 19 отсто повисока доверба.
Резултатите ја истакнуваат важноста од одржување рамнотежа меѓу користењето на современите технологии и непосредната комуникација на работното место.
