Македонија ја презема првата позиција по стапка на разводи во светот за 2023 година, со неверојатни 9.6 разводи на 1.000 жители. Оваа бројка ја објави платформата GlobalStatsXX, која ги анализираше разводите во различни земји, и предизвика големи реакции на социјалните мрежи.
Позиција на Македонија во светски рамки
Македонија е многу пред земјите кои се на второто место — Лихтенштајн, со стапка од 4.9 разводи на 1.000 жители. Останатите земји во топ 10 листата вклучуваат: Белорусија (3.7), Грузија (3.7), Латвија (2.8), Андора (2.7), Костарика (2.6), Литванија (2.5), Доминиканска Република (2.4), и Гренланд (2.4).
Какви се причините?
Експертите сугерираат дека причините за овој висок број разводи во Македонија може да се бараат во економската нестабилност, емиграцијата, културниот притисок за рано стапување во брак, како и сè пониската толеранција кон токсични односи.
Промени во светските трендови
Иако во некои западни земји бројот на разводи опаѓа, делумно поради тоа што паровите сè почесто живеат заедно без да се венчаат, некои земји, како Македонија, сè уште бележат висока стапка на разводи.
Љубовта не е вистинска или почесто се осмелуваме да ставиме крај?
Се поставува прашањето дали ова значи дека љубовта трае пократко или, пак, дека луѓето стануваат похрабри да стават крај на нефункционални односи.
Извор:Женски Магазин
