Паралелно со засилените контроли, МВР пријавило и сообраќаен полицаец од Тетово, осомничен дека изрекол поблаги санкции од предвидените за двајца возачи кои се движеле со 154 и 151 км/ч на пат каде што ограничувањето било 100 км/ч.
Според Одделот за внатрешна контрола, едниот возач добил само писмено предупредување, а другиот казна од 45 евра, иако за двајцата биле предвидени глоби од по 300 евра.
Против полицаецот е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.
МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината.
