Кога станува збор за безбедност во сообраќајот, повеќето возачи се фокусираат на техничката исправност на возилото, гумите и сезонската опрема.
Но, често се занемарува еден клучен елемент – првата помош, која е задолжителна при рутинските проверки.

Нејзината улога е да обезбеди основна медицинска грижа во критични моменти, пред да пристигне брзата помош.
Додека во регионот прописите со години не се менуваат, Грција од 18 јуни воведува значајни новини и проширувања на пакетот за прва помош и ги усогласува стандардите со оние во европските земји.
Во повеќето земји од регионот, авто-аптеката сè уште се базира на основен сет за прва помош, кој не е значително ажуриран со години.
Таа вклучува:
- стерилни завои и гази
- фластери и лепливи ленти
- триаголна марама
- ножици и сигурносни игли
- ракавици за еднократна употреба
- маска за вештачко дишење
- термо ќебе
- еластични завои
- упатство за прва помош
Иако оваа опрема е доволна за основни повреди, експертите предупредуваат дека не е доволно при посложени ситуации, а по 18-ти јуни во Грција за ваков пакет за прва помош може да заработите казни од 30 евра.

По речиси 50 години, грчките власти одлучија значително да ја модернизираат содржината на авто-аптеката, со цел возачите да бидат подобро подготвени за итни случаи.
Новите правила носат значајни подобрувања, особено во однос на заштитата на повредените, но и на лицето што пружа помош.
