Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови атмосферата локално ќе стане понестабилна.
На одредени места се очекуваат пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој при нестабилноста може да засилува.
Температури до 29 степени
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека во текот на денот максималните ќе достигнат меѓу 19 и 29 степени Целзиусови.
Какво време следува до крајот на неделата?
Според прогнозата на УХМР, во продолжение од новата работна седмица ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност.
Промена се очекува во правецот на ветерот – од среда ќе дува ветер од југоисточен правец.
Иако утре попладне локално се можни поизразени временски промени, според актуелната прогноза, во останатиот дел од седмицата ќе преовладува постабилно и сончево време.
