Температури до 20 степени и сончево време - еве какво ќе биде времето до крајот на неделава!
Актуелно

Температури до 20 степени и сончево време - еве какво ќе биде времето до крајот на неделава!

11. 03. 2026.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со пораст на дневните температури. За време на викендот, времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд.

Извор: skopjeinfo.mk