Конечно пролетни температури - Славчо Поповски со прогноза за времето во следниот период
Актуелно

Конечно пролетни температури - Славчо Поповски со прогноза за времето во следниот период

12. 04. 2025.

Ова утро во нашата Македонија имаме насекаде позитивни температури на воздухот, односно температури над нулата, што значи дека полека но сигурно времето ни затоплува и пролетните температури ни доаѓаат и ќе траат.

Да се надеваме дека повеќе нема да имаме некој изразен ладен бран, и дека конечно пролетта ни пристигна, прогнозира познатиот метеолог Славчо Поповски. 

Според него, во периодот од 14 до 21 април во Македонија ќе имаме период со пролетни температури на воздухот, што значи ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса, но и покрај ова ќе имаме променлива облачност и појава на повремен локален дожд, кој повремено ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер.

Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Слично време ќе имаме и во Скопскиот регион. 

Извор: skopjeinfo.mk