Денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Актуелно

Денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

22. 10. 2026.

Денеска, 23 октомври, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година.

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, се собрале шестмина македонски дејци со цел да ги постават темелите на организација што ќе се залага за ослободување на Македонија со сопствени сили.

Основоположници на организацијата биле Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие ја формирале Македонската револуционерна организација, која подоцна станала симбол на борбата за слобода.

Празникот официјално се одбележува од 2007 година, кога е вклучен во Законот за празниците на Република Македонија.