Е-фактури од 2027: УЈП ќе гледа во реално време
Актуелно

Е-фактури од 2027: УЈП ќе гледа во реално време

11. 09. 2026.

УЈП е во напредна фаза со воведувањето на системот за е-фактура, а задолжителната примена по фази се очекува да започне во текот на 2027 година.

До крајот на 2026 година треба да биде донесен законскиот дел, да биде поставена потребната инфраструктура и да започне доброволното користење на е-фактурите.

Најголемата промена ќе биде тоа што УЈП наместо податоци добиени по завршување на даночниот период, ќе има структурирани информации за секоја фактура и трансакција во реално време – веднаш по нејзиното издавање.

Тоа ќе овозможи автоматизирани даночни контроли, полесно откривање грешки и сомнителни трансакции, како и подобра анализа на ризиците. Податоците од е-фактурите ќе се поврзуваат и со информациите од банките, Царината, фискалните уреди и други извори.

Целта е да се намали просторот за даночно затајување и прикривање трансакции, а УЈП постепено да премине кон систем базиран на податоци и анализа на ризици.