Со доаѓањето на есента и завршувањето на летните месеци, многумина ги преиспитуваат своите професионални цели и размислуваат за нови деловни насоки. Промената на годишното време често носи и желба за свеж почеток, а сега се нуди идеална можност за тоа.
Во тек е Регионалниот саем за вработување – најголемиот онлајн настан што ги поврзува работодавачите и кандидатите во потрага по работа во Македонија и регионот.
Безброј огласи за работа... на едно место!
Во текот на наредната недела, сè до 21 октомври, во рамките на виртуелниот саем достапни се повеќе од 700 разновидни огласи за работа од различни сектори кои ги нудат над 100 работодавачи.
Саемот е отворен 24 часа дневно, а можеш да пристапиш преку компјутер, таблет или мобилен телефон — од кое било место и во кое било време.
Едноставна и брза пријава
Понудата на работни позиции на саемот опфаќа широк спектар на индустрии и занимања, а работодавачите се распределени во четири главни категории: Трговија, Технологија, Финансии и Услуги, што им овозможува на посетителите полесна ориентација и побрзо пронаоѓање на можностите што одговараат на нивните знаења, интереси и амбиции.
Откако ќе ја одбереш категоријата што те интересира и ќе го пронајдеш твојот идeн работодавач, пријавата на оглас оди брзо и едноставно. На дното на секој оглас се наоѓа линк за пријава, преку кој можеш да се пријавиш само за тој оглас.
Покрај поединечни пријави, саемот нуди и можност за повеќекратна пријава.
Ако си пронашол/ла повеќе огласи што ти се интересни и на кои сакаш да се пријавиш, во делот СИТЕ РАБОТИ треба да ја означиш куќичката БРЗА ПРИЈАВА кај секој оглас што те интересира, а потоа да кликнеш на ПРИЈАВА.
Прилика за запознавање со работодавачите
На виртуелните штандови на работодавачите достапни се детални информации за компаниите, искуствата на вработените, како и за организациската култура и работната атмосфера.
Исто така, разговорите со потенцијалните работодавачи можат да се одвиваат преку чет или видео повик, што го прави процесот побрз и подостапен од кога било досега.
Оваа година, Регионалниот саем за вработување ги обединува бројни домашни и регионални компании, меѓу кои: Kromberg & Schubert, Gemak, Concentrix, Replek, Titan Usje, Transcom, Stopanska Banka, Amphenol, Fashion Group, Gerresheimer, ProCredit Banka, Neptun, Inditex, DM, Alkaloid, NLB, Lidl, Valamar Riviera d.d. (HRV), Maks Bet, Sarantis (SRB), Flex Credit, Sparkasse Bank, Tommy (HRV), Lactalis и многу други!
Посети го саемот до 21 октомври на https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/ и пронајди ја својата прва, нова или едноставно подобра работа!
