Како што е наведено во нивното соопштение, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар.
Што се однесува па до Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), тоа поевтинува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на горивата по полноќ ќе изнесува:
- Еуросупер БС - 95 ќе биде 74,00 денари за литар,
- Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 76,00 денари за литар
- Еуродизел БС (Д-Е V) за 70,50 денари за литар
- Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар.
За 0,746 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,412 денари.
