СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА - Пред нас е само Сараево
Актуелно

СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА - Пред нас е само Сараево

02. 12. 2025.

Скопје повторно се најде меѓу најзагадените градови во Европа – вечерва е втор на листата, веднаш зад Сараево, покажуваат податоците од IQAir. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) изнесува 141, што го става градот во категоријата „нездрав за чувствителни групи“.

На светско ниво, Скопје е рангирано на 21-вата позиција, додека во Европа пред нас е само Сараево, кое е и 16-то најзагадено во светски рамки. Веднаш зад Скопје е Приштина.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, неодамна изјави дека решавањето на загадувањето мора да започне од коренскиот проблем – затоплувањето на домаќинствата, кое е еден од најголемите извори на емисии во зимските месеци.

Извор: plusinfo.mk