Избрано во конкуренција од повеќе од 15.000 кафетерии од целиот свет и поддржано од над 350.000 гласови, ова признание го позиционира The Dude меѓу најистакнатите specialty кафулиња на глобално ниво.
Ова достигнување го поставува The Dude како едно од водечките specialty кафе-дестинации не само во регионот, туку и во светот, рамо до рамо со највлијателните кафетерии од Европа, Азија, Австралија и Америка.
Листата се составува врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои се исклучителен квалитет на кафето, експертиза во подготовката, иновативност, атмосфера и искуство за гостите, одржливост и придонес кон глобалната coffee култура.

„Ова признание е огромна чест и доказ дека страста, посветеноста и љубовта кон specialty кафето можат да создадат резултати од светска класа, дури и од мало место како Скопје. Искрено им благодариме на нашата заедница, на сите гости и на целиот тим што стои зад The Dude,“ изјави Мирче Чашуле, основач и сопственик на The Dude Specialty Coffee.
The Dude Specialty Coffee веќе се смета за еден од пионерите на specialty coffee сцената во Македонија, познат по внимателно селектирани зрна од врвни светски ростерии, прецизна подготовка и силна заедница изградена околу кафулето.
Coffee Fest Madrid претставува еден од најголемите европски настани посветени на кафе индустријата, собирајќи професионалци, брендови и љубители на кафе од целиот свет, додека листата „World’s 100 Best Coffee Shops“ се смета за глобален репер за извонредност во светот на кафето.
Со ова второ влегување во глобалниот Топ 100, кафулето продолжува да ја остварува својата мисија, да донесе светска coffee култура во Скопје и достојно да ја претстави Македонија на светската specialty сцена.
