Загрижувачки е што само годинава се регистрирани повеќе случаи отколку во целиот период од 2011 до 2025 година, кога биле евидентирани вкупно 54 заболени. Во истиот период биле регистрирани пет смртни случаи.
Најголем број заболени се регистрирани во Скопје, додека по еден случај има во Куманово, Велес и Долнени.
Западно-нилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Поради зголемениот број случаи, во Скопје и други подрачја се спроведуваат мерки за намалување на бројот на комарци.
Здравствените власти апелираат на внимателност и преземање мерки за заштита од убоди од комарци, особено во периодот кога нивната активност е зголемена.
