Владата донесе одлука за намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.
Според Мицкоски, мерките имаат за цел да го ублажат ценовниот притисок врз граѓаните и да го зачуваат животниот стандард. Тој посочи дека и покрај значително зголемената побарувачка – особено во пограничните региони, каде што се бележи и до трикратно зголемување – засега нема потреба од ограничување на количините што ги купуваат странски државјани.
Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите. Притоа, се разгледува можноста ефектите од таквата мерка да траат и по нејзиното формално укинување, со цел да се спречи нагло поскапување.
Извор:pari.com.mk
