Социјална помош земаат работоспособни лица, а фирмите бараат работници
Актуелно

Социјална помош земаат работоспособни лица, а фирмите бараат работници

22. 12. 2025.

Во Македонија има околу 18.000 испразнети работни места, додека 32.000 семејства примаат социјална помош.

 Иако постои потенцијал за вработување, потребно е репрограмирање на системот и заеднички институционален ангажман за да се поврзат работоспособните лица со пазарот на труд- ова го велат од министерството  Голем дел од корисниците на социјална помош се лица способни за работа, кои со години останале надвор од пазарот на труд.

Зголемувањето на вработеноста би придонело и за намалување на притисокот врз пензискиот систем. Државата годишно издвојува околу 40 милиони евра за активни мерки за вработување, при што 60% од средствата се насочени кон млади, со цел поттикнување вработување и отворање сопствени бизниси.