Во својата рубрика за патувања, медиумот наведува дека иако повеќето туристи се насочуваат кон популарни земји како Франција, Шпанија и Италија, Европа нуди многу повеќе за истражување.
Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, северно од Грција, со импресивни природни пејзажи – бујни зелени падини, планински врвови и снежни карпи. Посебно внимание се посветува и на разновидната кујна, која се менува од регион до регион и нуди богати вкусови.
Си-ен-ен ја издвојува и поволната клима во земјата, која придонесува за производство на квалитетен и сочен зеленчук, како и за развој на лозарството и производство на богати вина.
Дополнително, вниманието се насочува и кон главниот град Скопје, кој нуди спој на модерно и традиционално, како и кон националните паркови и планинските предели кои се идеални за авантуристички туризам.
Овој вид меѓународно признание може значително да придонесе за зголемување на туристичкиот интерес и афирмација на Македонија на светската туристичка мапа.
Со оваа препорака, Македонија сè повеќе се позиционира како атрактивна дестинација за туристи кои бараат автентично искуство надвор од вообичаените европски рути.
