Ова  е најпосакуваниот град за инвестиции во недвижнини во светот
Актуелно

Ова е најпосакуваниот град за инвестиции во недвижнини во светот

17. 01. 2026.

Просечните цени се околу 4.700–5.700 € за м², со најскапи локации дури над 10.000 €/м².

Шпанија повторно е во фокусот на светот, но овој пат поради пазарот на луксузни недвижности. Според Barnes Global Property Handbook 2025, Мадрид е прогласен за најпосакуван град за инвестирање, оставајќи зад себе мети како Дубаи, Мајами и Монако.

Шпанската престолнина оваа година скокна за три позиции, благодарение на балансираната комбинација од силна бизнис-сцена, безбедност, квалитетен живот, стабилна инфраструктура и пријатна клима. Токму тоа го позиционира Мадрид како ново „безбедно пристаниште“ за глобалните инвеститори.

Најбарани се населбите Саламанка, Хустиција, Шамери, Чамартин и Кортес, каде цените достигнуваат и до 13.000 евра за квадратен метар. Особено се издвојува Кортес, со раст од 30 проценти за една година, што укажува на силен инвестициски потенцијал.

По Мадрид следуваат Дубаи и Мајами, а во топ 10 се најдоа и Монако, Милано, Париз, Њујорк, Лондон, Рим и Остин.

Просечните цени во Мадрид се околу 4.700–5.700 € за м², со најскапи локации дури над 10.000 €/м².