Новата регулатива има за цел да го спречи перењето пари, финансирањето тероризам и прикривањето незаконски стекнати средства.
Промените особено ќе се одразат врз купувањето автомобили, мебел и други производи со поголема вредност. На пример, при купување автомобил од трговец во вредност од 12.000 евра, најмногу 10.000 евра ќе може да се платат во готовина, а остатокот преку банкарски трансфер или картичка, доколку националните прописи не предвидуваат пониска граница.
Нема да биде дозволено ниту заобиколување на ограничувањето преку делење на готовинското плаќање на повеќе помали трансакции.
Исклучок ќе бидат приватните купопродажби меѓу физички лица кои не вршат деловна или професионална дејност.
Земјите членки ќе имаат можност да задржат или да воведат построги национални ограничувања.
Новата регулатива предвидува и построги проверки на идентитетот на клиентите при одредени готовински трансакции од 3.000 евра или повеќе, како и забрана на анонимните банкарски и платежни сметки.
