Туристичката сезона е во полн ек, а со неа растат и измамите на патиштата. Сè почесто се пријавуваат случаи во кои возачите стануваат жртви на лажни „спасители“ кои се појавуваат веднаш по дефект на возилото. Тие нудат влечни услуги и сервис, но наместо да го однесат автомобилот во најблиската и поволна работилница, го транспортираат во далечни и прескапи сервиси, оставајќи ги патниците со енормни сметки.
Една од најчестите шеми е позната како „измама со ретровизор“. Измамниците намерно предизвикуваат оштетување или само симулираат дека го оштетиле сопстевното страничното огледало на возилото, а потоа од вас бараат готовинска отштета на лице место. Често користат и метод на саботажа – додека возачот е на пауза, намерно оштетуваат гума или друг дел од возилото, за потоа „случајно“ да се појават и да понудат помош.
Туристите се идеална цел поради јазичните бариери и непознавањето на локалните услови. Во вакви ситуации, возачите често се збунети и под стрес, па прифаќаат помош без да проверат дали е легитимна.
Совети за заштита:
- При принудно запирање, останете во автомобилот и заклучете ги вратите.
- Секогаш најпрво повикајте официјална помош или полиција.
- Пред продолжување на патот, направете брза проверка на возилото.
- Не прифаќајте услуги од лица или компании кои изгледаат сомнително или премногу стручно.
Овие методи можат да предизвикаат сериозни финансиски загуби и непријатности. Бидете внимателни и не дозволувајте стресот или брзањето да ве натера да донесете погрешна одлука.
