Mamma Italiana вработува ДОСТАВУВАЧИ: Приклучете се на тимот на една од најпознатите скопски пицерии
Издвоени огласи

Mamma Italiana вработува ДОСТАВУВАЧИ: Приклучете се на тимот на една од најпознатите скопски пицерии

17. 02. 2026.

Познатата дебармаалска пицерија Mamma Italiana со години е препознатлива по автентичната италијанска пица, врвниот квалитет на состојките и брзата достава. Зад брендот стои семејна приказна за посветеност, континуирано усовршување и доследност во вкусот, благодарение на што Mamma Italiana прерасна во едно од омилените места за пица во Скопје.

Со цел да го задржи високиот стандард на услуга и брзината на достава по која е позната, пицеријата го проширува својот тим и објавува оглас за вработување доставувачи на храна со моторче. Позицијата е идеална за лица кои сакаат динамична работа, комуникација со луѓе и сигурни услови во стабилна компанија од угостителскиот сектор.

Компанијата нуди плата до 44.000 денари (во зависност од бројот на работни денови неделно), реон на достава ограничен на 3 километри од пицеријата, обезбеден оброк, К-15, пријавен работен однос и долгорочна стабилност. Од кандидатите се очекува минимум една година искуство во достава, одговорност и точност во работењето, добро познавање на градот и коректен однос со клиенти.

Доколку барате сигурна работа со фер услови и сакате да станете дел од тим што секојдневно носи вкус и задоволство до своите клиенти, аплицирајте на следниот линк:

Доставувачи на храна
плата до: 44.000 денари

линк за повеќе детали и аплицирање

За повеќе информации: 076/473-470