„Симпсонови“ добиваат нов лик и тоа од Македонија!

„Симпсонови“ добиваат нов лик и тоа од Македонија!

25. 04. 2025.

Лик од Македонија премиерно ќе се појави во новата епизода на познатата анимирана серија „Симпсонови“.

Емисијата е насловена „Abe League of Their Moe” и ќе се емитува во САД на 27 април на телевизијата „Фокс“.

Се работи за талентиран играч од Македонија за локалниот бејзбол тим од Спрингфилд кој е ангажиран од страна на дедото Симпсон и Мо Сизлак, кои се здружуваат во необичен потфат.

Но, малкумина знаат дека токму во епизодата е вклучен и тим од Македонија, односно сестрите Невена и Калина Нешкоска и нивниот брат Наум, кои стојат зад популарниот детски анимиран серијал „Дарко Биберко“.

Тие на социјалните мрежи се пофалија.

„Имено, креатороте на The Simpsons одлучиле да внесат лик — спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол. Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“, напиша Невена.

Извор: 4news.mk